Линкови за пристапност

Македонија со кредит ќе ја модернизара армијата


Претставникот на НАТО во Македонија изрази загриженост за процесите на модернизацијата на македонската армија.

„Во текот на изминатите неколку години поради економската состојба се чини дека усогласувањето се одвива бавно, особено во однос на модернизација на опремата. Дури неодамна владата одобри ревидирана верзија на претходниот долгорочен план за развој 2014-2023, кој предвидува повеќе од 200 милиони евра за набавка на опрема во идните десет години“, истакна шефот на Канцеларијата на НАТО во Македонија, Александар Александров на Евроатланскиот совет кој денеска се одржува во Домот на АРМ, каде беше промовирана студијата за ангажманот на Македонија во мисиите на НАТО.

Александров во оваа прилика предупреди дека отсуството на процесот на модернизација може да го загрози учеството на македонската армија во мисиите во странство.

„Во споредба со изминатите години, ова изгледа многу пореалистично и затоа ни дава надеж дека овој план ќе се спроведе внимателно и упорно. Модернизацијата на опремата би требало да доведе до понатамошна интероперабилност на опремата, што во моментот недостасува и ако не се реши на време може да го загрози учеството во мисиите во странство“, изјави полковникот на НАТО, рече Александров.

За претставниците на владата пак евроатланските и евроинтегративните процеси и натаму се врвен приоритет кој укажува на тоа дека Македонија мора да ги реши сите отворени прашања и со соседите.

Министерто за одбрана Талат Џафери како и неговиот колега во владата задолжен за европски интеграции потецираа дека евроатлантската интеграција на Македонија останува врвен приоритет.

Во врска со проблемите кои ги потецираше полковикот Александров како шеф на канцеларијата на НАТО во Македонија, минстерот за одбрана рече дека проблемите на кои укажуваат претставниците на НАТО се веќе разгледани на седница на влада и дека е донесена одлука потребните 200 милиони за модернизацијата на армијата да се обезбедат преку кредитни линии.

Минстерот Џафери исто така појасни дека во буџетот не можеле да бидат издвоени потребните 200 милиона за наредните 10 години поради општата финасиска состојба.

„Средствтата кои ни се потребни за реализација на десетгодишниот план за модернизација на армијата ќе се обезбедат во текот на оваа година преку кредит од извор кој ќе го определи министерството за финасии“, рече тој.

„Членството во Европската унија и во НАТО се стратешки определби на Македонија. Работиме на постигнување и спроведување на реформите и споделување на демократските вредности. Ако Македонија е заедничка куќа во која ги градиме овие вредности тогаш меѓуетничките односи се темелот на куќата“, рече вицепремиерот за евроинтеграција Фатмир Бесими на промоцијата на публикацијата за регионалниот пос- ИСАФ ангажман, изготвена од евроатланскиот совет во Република Македонија.
XS
SM
MD
LG