Линкови за пристапност

Ричард Ховит предложи акционен план за Македонија


Политички дијалог, слобода на медиуми и добри односи со Бугарија како услов за добивање датум за преговори

Известувачот за Македонија во Европскиот парламент Ричард Ховит предупреди дека Грција и Бугарија не се единствените пречки за добивање датум за почеток на преговори. Според Ховит постојат и други земји членки кои се загрижени за некои актуелни состојби во Македонија. Во тој контекст Ховит предложи акционен план за напредок во критичните области како политичкиот дијалог, односите со Бугарија и слободата на медиумите, кој би требало да се направи до декември, пред одржувањето на состанокот на Европскиот совет на кој ќе се разговара за препораката на ЕК.

„Прво, да се направи што поголем прогрес во имплеметацијата на мартовскиот договор и да се обезбеди полтички дијалог меѓу власта и опозицијата во духот на Меморадумот за европските инетеграции“, рече тој на прес конференција.
Во овој конкекст Ховит нагласи дека е загрижен поради кредибилните извештаи за притисокот кој државните институции го вршат врз Општина Центар.
Како втора точка Ховит ја истакна потребата до декември да се направи прогрес во подобрувањето на бугарско - македонските односи. И трето би била акцијата за слободата на медиумите.

Ховит смета дека е потребно да се покажат конкретни резултати во подобрување на слободата на медиумите. Тој потенцира дека постои, како што рече, голема опасност овие напори да се поткопаат доколку биде донесен законот за медиуми без широка подршка од сите релеванти фактори во во државата. ЗНМ според Ховит не тереба да биде единствениот глас на новинарите, но исто така тој смета дека не смее да се доведува во прашање легитимитетот на организацијата.

Ховит во контекст на слободата на медиумите го потенцираше и случајот Кежаровски.

„Имајќи ги предвид меѓународните реакции во случајот Кежаровски, чесно е да посочам дека таквата загриженост неизбежно ќе влијае на приближувањето на земјата кон Европската унија“, нагласи Ховит.

Тој во оваа прилика ја повика владата да го одобри барањето на претставничката на ОБСЕ за слободата на медиумите, Дуња Мијатовиќ, да го посети Кежаровски во затвор, но и да преиспита дали минималната казна за откривање заштитен сведок е во согласност со европските норми и дали во правната рамка на земјата може да се обезбедат услови за предвремено ослободување.
XS
SM
MD
LG