„Додека ВМРО е на власт бракот ќе биде заедница исклучиво меѓу маж и жена!“, изјави викендов во интервју за провладиниот портал „Прес 24“, министерката за внатрешни работи Гордана Јанкуловскa. Таа е децидна дека „нема никаква дискриминација, туку политика која значи заштита на вредностите на општеството“. Јанкуловска потенцираше и дека се работи за политика на владеачката партија и дека се` додека ВМРО е на власт, „ќе се грижи дечињата да имаат татко и мајка“, бидејќи тоа им го должи ним и на поколенијата.
Програмскиот директор на Центарот за поддршка на ЛГБТИ луѓето, Кочо Андоновски, за Гласот на Америка на македонски јазик, по повод иницијативата на ВМРО-ДПМНЕ и коментарот на министерката Јанкуловска, изјави:
„Очигледно се работи за политичка злоупотреба на ЛГБТИ прашањето, во функција на дефокусирање на јавноста од проблемите...“
Според Андоновски, актуелната власт, „со ова ја зголемува ранливоста на ЛГБТИ заедницата и ја зголемува стигмата, предрасудите и омразата, која веќе неколку години, во синергија со провладините медиуми и верските заедници, ја вградува во општеството“.
Пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ на први август, кога пратениците во Собранието заминаа на летен одмор, ненајавено покрена иницијатива за уставно дефинирање на бракот како заедница исклучиво помеѓу еден маж и една жена. Според пратеникот Влатко Ѓорчев, иницијативата на партијата предвидува децата без родители можат да бидат посвоени исклучиво од брачни заедници во кои има маж и жена, два родитела - мајка и татко, или од самохрани родители. Ѓорчев изјави дека нивната иницијатива е поддржана од огромно мнозинство од народот, согласно традиционалните вредности, и изрази надеж дека ќе биде поддржана и од сите политички партии.
Опозиционата СДСМ пак, прашањето за дефинирање на бракот, бара поширока и подолга јавна и стручна дебата во која би учествувале претставници на граѓанскиот сектор и на академската заедница, пред да се пристапи кон планираните измени од страна на власта.
„Граѓаните на Македонија очекуваат решавање на горливите социо-економски проблеми, одговорен пристап од Владата кон прашањата од европската агенда и отстранување на сите укажувања за непочитување на правата и слободите на граѓаните, меѓу кои и на насилството врз припадниците на ЛГБТИ заедницата... Во услови кога надлежните институции ги толерираат и не ги пронаоѓаат сторителите на овие инциденти, врз нивни домови, врз канцеларијата на Хелсиншкиот комитет, сметаме дека предлогот на ВМРО-ДПМНЕ ќе ја зголеми нетолеранцијата кон граѓаните со различна сексуална ориентација, ќе ја институционализира дискриминацијата и ќе придонесе за дополнителни поделби“, соопшти СДСМ.