Линкови за пристапност

Конференција на земјите од А5 форматот во Охрид


Волерс: А5 групата е одличен форум за координирање на натамошниот развој на земјите од регионот.

Конференцијата е одлична можност да разговараме за тоа како може да се подобри ефективноста и координацијата и да се употреби овој формат да им се помогне на земјите да продолжат да соработуваат кон крајната цел - евроатлански интеграции, изјави амбасадорот на САД во Македонија Пол Волерс на конференција на министрите за одбрана на земјите-членки на САД-Јадранската повелба која се одржа во Охрид.

Според Волерс, А5 групата претставува одличен форум за координирање на натамошниот развој на земјите од регионот.

Министерот за одбрана на Република Македонија Талат Џафери рече дека биле разменети визиите на сите земји членки на А5 форматот на Јадранската повелба и САД.

„Министрите за одбрана и замениците од земјите претставнички имаа можност и ја искажаа подготвеноста на земјите членки на А5 форматот да продолжат во определбата за натамошна соработка во сферата на одбраната и безбедноста за сите заеднички да можеме да придонесуваме кон заедничка поефикасна сигурност и безбедност за нашите граѓани“, истакна Џафери.

Според него, имајќи предвид дека сите земји претставници од А5 форматот се учеснички во различни мисии надвор од своите национални држави, на конференцијата уште еднаш била искажана подготвеноста дека во концептот на „паметна одбрана“ како концепт на НАТО, можат и регионално да се здружат капацитетите, со што, ќе се намалат и трошоците за учество во мисиите.

На конференцијата присуствуваа министри и високи претставници од министерствата за одбрана на земјите-членки на САД-Јадранската повелба, земји-набљудувачи и земји-гости, претставници на САД и НАТО, одбранбени претставници, дипломати, НАТО-советодавниот тим во Република Македонија, како и претставници на останати релевантни институции.
XS
SM
MD
LG