По три и пол месеци од потпишувањето на мартовскиот договор меѓу ВМРО ДПМНЕ и СДСМ со посредство на комесарот Филе и европратеникот Ховит ќе започне процесот на имплементацијата на обврските преземени со овој договор. СДСМ и ВМРО ДПМНЕ конечно се согласија за тоа кој да ја раководи Анкетната комисија која треба да ги утврди причините за инцидентите од 24 декември. Избран е професорот и декан на Правниот факултет Борче Давитковски. Членови на комисјата ќе бидат пратениците Благородна Дулиќ и Илија Димовски предложени од ВМРО ДПМНЕ и професорите Рената Трајковска и Љубомир Фрчковски предложени од СДСМ.
Претседателот на СДСМ Зоран Заев вели дека предлогот бил заеднички. Порачува дека очекува членовите да донесат извештај и заклучоци, за како што вели, вистината за тоа што се случи на 24-ти декември.
Овој договор значи дека повторно се воспоставува политичкиот дијалог во Македонија, вели Зоран Заев.
Сепак, уште не е јасно како ќе функционира оваа комисија односно како таа ќе носи одлуки. ВМРО ДПМНЕ сака одлуките да се носат со консензус додека СДСМ бара да важи принципот на мнозинско одлучување.
Формирањето на комисијата беше поздравено и од ЕК од Брисел која имплементацијата на обврските од мартовскиот договор ги дефнираше како услов за Македонија да добиде датум за почеток на преговори.
„Создавањето и резултатите на оваа комисија се суштински елемент на политичкиот договор од 1-ви март кој стави крај на политичката криза по настаните од 24-ти декември. Се надеваме дека ова ќе го отвори патот за спроведување на други важни елементи од тој договор. Не треба да се губи повеќе време“, изјавил портпаролот на Филе, Петар Стано за државната агенција МИА.
Шефот на државата, пак, Иванов од Братислава порача дека очекува „комисијата да си ја заврши работата, но и партиите да ги исполнат до крај обврските со потпишување на Меморандумот за поддршка на евроинтеграциите“.
Шефот на македонската дипломатија Никола Поповски од Њујорк порача дека со формирањето на комисијата Грција нема веќе аргумети да се спротистави на носење на одлука во Советот на министрите против почеток на преговри за членство.