Линкови за пристапност

Македонија: Полемика за Анкетната комисија


ВМРО ДПМНЕ и СДСМ по два и пол месеци не се договорија за составот на Анкетната комисија

ВМРО ДПМНЕ и СДСМ по два и пол месеци преговори за составување на анкетната комисија која треба да ги истражи причините за инцидентите кои се случија во Собранието на 24 декември минатата година, не успеваат да најдат решение.

Еврокомесарот Штефан Филе со чие посредство беше постигнат договорот на 1 март годинава за формирање на оваа комисија неодамна изрази загриженост што двете парти се` уште не успеваат да ја формираат анкетната комисија.
Загриженоста на Филе завчера ја повтори и амбасадорот на ЕУ во Македонија, Аиво Орав.

Можам да изразам надеж дека оваа анкетнта комисија ќе може да се формира што поскоро. За нас ова е многу важно прашање затоа што комесарот Филе беше лично тука и тој помогна во постигнувањето на договорт од први март, изјави Орав.

Денеска двете партии за прв пат по оваа прашање решија јавно да расправат. Прво со соопштение истапи ВМРО ДПМНЕ. Во соопштението владеачката партија предлага СДСМ да предложи претседател на експертската комисија „за утврдување на фактите кои ние би го прифатиле, но во духот на конструктивноста предлагаме комисијата да одлучува консензуално“.

„Наша проценка е дека овој предлог е чекор напред за формирање на комисијата и очекуваме СДСМ да го прифати“, се вели во соопштението на ВМРО ДПМНЕ.

На ова веднаш со реакција се јави опозициската СДСМ:

„Жалиме што владејачката партија во својот познат манир на политичко дејствување, продолжува да се однесува несериозно. Очигледно под притисок сака јавно да одглуми конструктивност, а предлага нешто што нема никаква логика, и одамна е ставено ad-acta и не е предмет на било какви разговори“, сметаат од СДСМ.

„СДСМ до сега на ВМРО-ДПМНЕ му предложи седум кандидати за претседател и прифати еден од предлозите на власта кој не се реализираше. За вакво крупно политичко прашање ние немаме намера да се препукуваме или докажуваме преку медиумите. Консензусот како механизам за одлучување, особено за настаните пред и на 24ти декември, може да биде злоупотребен како механизам за блокада со која Комисијата никогаш нема да ја заврши својата работа, што не смее да биде ничија цел“, сметаат од СДСМ.

На оваа рекација на СДСМ повторно истапи владеачката партија.

„Жалиме што СДСМ нема искрен пристап... Ваквото однесување на СДСМ е деструктивно и оди на штета на Република Македонија и на нејзините граѓани“, соопштија од ВМРО-ДПМНЕ.

Формирањето на анкетна комисија за утврдувањето на причините за настаните од 24 декември кои ја дестабилизираа полтичката сцена, во пролетниот извештај на ЕК се нотираше како еден од условите Советот на министрите на ЕУ во јуни да даде зелено светло за старт на преговорите за членство.
XS
SM
MD
LG