Линкови за пристапност

Власта го одложува рокот за поднесување листи за градоначалници


Опозицијата не се откажува од барање за предвремени парламентарни избори

Политичката криза во Македонија се` уште без решение. Во обид да се најде излез од проблемот владеачките ВМРО-ДПМНЕ и ДУИ денеска на вонредна седница на собранието дадоа залено светло на предлог читањето на измената на Изборниот законик со кој се овозможува дополнителен ротк за поднесување на советнички листи и кандидати за градоначалници за локаните избори.

„Централната власт, односно локалната власта во Република Македонија својата легитимност ја добива од граѓаните на Република Македонија, кои преку непосредни, фер и демократски избори ги избираат своите претставници. Највисок демократски чин во едно општество претставува правото на глас кое исто така е и уставно загарантирано право. Од тие причини, а со цел правото на граѓаните да можат да бираат и да бидат бирани во органите на власта го предлагаме овој Предлог закон“, рече Блерим Беџети образлагајќи ги овие измени.

Претходно измените во јавноста ги појасни и Гордана Јанкуловска, како член на Извршниот комитет на ВМРО-ДПМНЕ.„Овој чекор е направен врз основа на досегашните принципиелни ставови на ВМРО-ДПМНЕ водејќи се од позициите за заштита и промоција на граѓанските, државните и национални интереси, како и за реализација на евроатлантските интеграции на државата“, вели Јанкуловска

Согласно овој предлог, како што вели тиаа, во овој рок сите политички партии ќе можат да ги достават листите, а можноста би се однесувала само за овие локални избори.

„Предлог-законот за измени и дополнувања на Изборниот законик кој Владата веќе го усвои по итна постапка исто така по итна постапка е испратен во Собранието каде што треба да се одлучува по него. Нашиот предлог сега има законска форма, а по усвојувањето од Собранието ќе има и законска сила“, изјави Јанкулоска.

Како што потецираше Јанкуловска, ВМРО-ДПМНЕ покажува конкретен чин кој значи соодветен законски и прецизен модел за надминување на предизвиците и обезбедување потполна заштита и промоција на државните и национални интереси.

Опозициските социјалдемократи го отфрлија овој предлог на ВМРО-ДПМНЕ како можност за решение на кризата.

„Опозицискиот Сојузот за иднината не одлучи да ги бојкотира претстојните локални избори затоа што немаше време за кандидатски листи, туку заради целосната неодговорност на власта“, рече генералниот секретар на СДСМ, Андреј Петров, отфрлајќи ја иницијативата.
XS
SM
MD
LG