Линкови за пристапност

Нова димензија на компликуваните односи меѓу ВМРО ДПМНЕ и ДУИ


Законот за бранителите уште на влезот во Собранието ги загреа политичките страсти и ја реактуелизираше кризата во владината коалиција.

Утрово се одржа координација кај спикерот Вељановски на која се потврди информацијата дека новиот закон за бранителите, во кој не се вклучени борците на ОНА ,како што бараат етнички албанскте политички партии, влегува во собраниска процедура.

Во знак на протест опозициската ДПА ја средбата кај Вељановски. Имер Алиу од ДПА ја повика ДУИ ако нема претходен договор со ВМРО ДПМНЕ да ја напушти владата за, како што рече, да не страдаат Албанците.

ДУИ од своја страна најави дека ќе се обиде да го спречи изгласувањето на законот за бранителите во кои не се вклучени припадницте на ОНА преку амандмани.

Во владеачката ДУИ најавија дека ако не се прифатат нивните барања тие ќе ја блокираат постапката со предлагање на стотици амандмани.

Кризата во односите меѓу владеачките партии од теренот на болните спомени од конфликтото во 2001 се префрли и во образованието.

Без најава минатата недела градоначаликот на Чаир, Изет Меџити од ДУИ, соопшти дека се преименуваат четири основни училишта во оваа општина. Овие училишта кои носеа имиња на херои од макеоднската историја добија имиња на личности од минатото на етничките Албанци.

Министерот за образование најави дека ќе побара од инспекторатот да ги одстрани таблите со новите имиња на училиштата во рок од осум дена.

Денеска, на првиот училишен ден, на беше јасно како се викаат овие училишта кои на таблите носат едни а во документацијата други имиња.

Во секој случај кризата меѓу коалициските партнери се продлабочуа додека раководствата како на ВМРО ДПМНЕ така и на ДУИ засега немаат коментар за иднината . Премиерот изјави дека односите биле во криза и дека не се исклучува можноста од предвремени парламентарни избори.

Од Владата повторуваат дека владиниот кабинет функционира без пречки и редовно ги извршува своите функции.

Прашан за коментар во владината коалиција,шефот на државата Ѓорѓе Иванов денска кусо изјави дека тоа е прашање на дневна политика кое треба да се остави да го решат коалиционите партнери.
XS
SM
MD
LG