Линкови за пристапност

Заедничка вежба на АРМ и Националната гарда на Вермонт од САД


Таа е продолжение на низата вакви обуки и вежби во рамките на соработката меѓу Македонската армија и Вооружените сили на САД, која датира од 1995 година

Вежби за спуштање со помош на прусик, на осмица и на анкер, командно качување и евакуација на повредени се само дел од вежбите кои изминатите шест дена деветмина припадници на Националната гарда на Вермонт и 11 припадници на Полкот за специјални операции на Македонската армија заеднички ги увежбуваа на терените на Матка кај Скопје и близу Демир Капија.
Ова е уште еден доказ дека АРМ е во чекор со најсовремените стандарди
Фатмир Бесими


„Ова е уште еден доказ дека АРМ е во чекор со најсовремените стандарди и дека согласно тоа, е во позиција да одговори на сите предизвици. Обуката е неспорен доказ за значењето на размената на искуства и заедничката соработка во областа на одбраната, а со неа се укажува и на фактот дека со заеднички напори и намери работиме на тоа, регионот да биде место на соработка, стабилност и безбедност“, изјави македонскиот министер за одбрана Фатмир Бесими кој денеска ги посети учесниците кои утре ја завршуваат обуката што е дел од Програмата на Здружени контакт-тимови за 2012 година.

Таа е продолжение на низата вакви обуки и вежби во рамките на соработката меѓу Македонската армија и Вооружените сили на САД, која датира од 1995 година. Изминатите години, соработката меѓу АРМ и Националната Гарда на Вермонт продолжи на многу полиња, меѓу кои и заедничката мисија во Авганистан во 2010 година.
XS
SM
MD
LG