Линкови за пристапност

Заев: Очекувам Бугарија да ни` биде партнер кон ЕУ


Заев: Очекувам Бугарија да ни` биде партнер кон ЕУ
please wait

No media source currently available

0:00 0:01:29 0:00

Премиерот смета дека има модалитети за надминување на блокадата за почеток на преговори со Унијата, во 2018-та година

Македонија да добие датум за почеток на преговори за влез во Европската унија во 2018-та година - цел на новата Влада.

Очекувањето, кое поради минатонеделните пораки од Атина, можеби звучи оптимистички, премиерот го изнесе во Софија, каде денеска заврши дводневната посета на високата владина делегација.

Зоран Заев, слично како и во настапот во НАТО, смета дека има модалитети за надминување на блокадата за покана за прием во Алијансата, и старт на преговори со Унијата

Тој по, како што ги нарече, одличните средби и заклучоци со бугарскиот врв, очекува Софија да биде еден од главните партнери на Македонија.

„Очекувам Владата на Бугарија да биде наш партнер кон ЕУ и кон НАТО, како сосед со кој по затворањето на договорот ќе нема отворени прашања“, изјави Заев.

Тој не сакаше да зборува за детали од предлог-договорот за добрососедство, заради негово успешно затворање

Според Заев, двете земји споделуваат заедничко минато, и треба лидерство да признае дека историјата треба да сплотува, а не да раздвојува.

Македонија, меѓу другото, сака да учи од бугарските искуства, но, и грешки на патот кон ЕУ.

„Имаме согласност за поголема соработка на оперативните тимови и размена на искуства, а очекуваме и посета на вицепремиерот на Македонија, за да се искористи позитивниот моментум“, рече Бујар Османи, вицепремиер за евроинтеграции.

Facebook Forum

XS
SM
MD
LG