Линкови за пристапност

Го почитувам Пендaровски, но, реакцијата беше несоодветна, рече Заев за јавна преписка меѓу претседателот и министерот за здравство


Заев: Србија покажа огромен пријателски чин и тоа не можеме да го занемариме
please wait

No media source currently available

0:00 0:01:06 0:00

Тоа што се случува меѓу претседателот и министерот е слобода, додаде премиерот

Премиерот Зоран Заев рече дека вчерашната јавна преписка меѓу шефот на државата Стево Пендаровски и министерот за здравство Венко Филипче е слобода, откако тие се конфронтираа за пристапот на надлежните институции во процесот на справување со пандемијата и вакцинацијата на граѓаните по вчерашната седница на Советот за безбдност.

Сепак, Заев смета дека реакцијата на Пендаровски кој, вакцинирањето на илјадници македонски граѓани во Србија викендов го нарече срам за државата, е несоодветна.

„За мене прво е слобода и тоа што се случува меѓу претседателот и министерот е слобода. Нормално кога министер од мојата Влада реагира јас знам за тоа, и не би требало да правам огради или слично. Јас знам за тоа, министерот ме консултираше. Нападот е навистина несоодветен, јас го почитувам претседателот многу, имаме одлична соработка, но, знаете не ни е лесно на никој. Прашањето кој и што правиме во сите овие моменти да час поскоро најдеме вакцини, да ги донесеме, имунизацијата да се спроведе и слично. Србија покажа огромен пријателски чин и тоа не можеме да го занемариме. Значи тие ги отворија границите и за граѓаните на Северна Македонија и на други земји да се вакцинираат и тоа е во ред. Денеска вакцинацијата е глобална проблематика и секоја солидарност и помагање е за поздравување“, рече Заев.

Facebook Forum

XS
SM
MD
LG