Линкови за пристапност

Заев го презеде премиерскиот кабинет


Новиот претседател на Владата на Република Македонија Зоран Заев ја презеде функцијата од техничкиот премиер Емил Димитриев

Откако Зоран Заев ја презеде премиерската функција изјави дека уште денеска ќе даде насока да се отворат портите на зградата, затоа како што рече, верува во отвореност на Владата. Димитриев му порачал на Заев дека состојбата во државата не е сјајна, но не е ни драматична. Заев најави дека веднаш штом ќе направат увид, ќе ја запознаат јавноста со ситуацијата во државата.

„Бев запознаен со сите неопходни детали што треба да ги знам, согласно целиот протокол. Бев информиран за салите за состаноци, помошните простории, бев запознаен и со ситуацијата во државата“, рече Заев и додаде дека му е драго што на ваков пријателски начин се извршило примопредавањето, без разлика на политичките околности.

Вчера вечер, на неколку минути пред полноќ во Собранието беше изгласана новата Влада на Република Македонија.

„За“ гласаа 62 пратеници, „против“ беа 44 пратеници и 5 беа „воздржани“. По гласањето, новиот премиер и новиот состав на Владата на Македонија положија заклетва.

Facebook Forum

XS
SM
MD
LG