Линкови за пристапност

Заев: Ни` треба мотор за влез во ЕУ


Инспирација му беше експонат во Стопанската комора, каде премиерот зборуваше за перпсективите на економијата со влезот во НАТО и ЕУ

Брзо возење со мотор - таква аналогијата употреби премиерот Зоран Заев да го опише процесот на приклучување на Македонија кон Унијата.

Инспирација му беше моторот - експонат во Стопанската комора, каде зборуваше за перпсективите на економијата со влезот во НАТО и ЕУ.

„На Македонија и треба побрз мотор. Крајно време е по 27 години независност, да ја ставиме на брза трака и заедно со стопанството да ја придвижиме напред“, изјави Заев.

За неговите надежи да се остварат Македонија треба да ги заврши уставните измени - обврска преземна со Договорот од Преспа.

Но, прво следи референдумот на 30-ти септември.

„Убаво би било во Македонија одлуката да се носи со консезус. Секако верувам дека двотретинско мнозинство е можно, после секако успешен референдум за што сите се надеваме“, рече тој.

Експремиерот Никола Груевски, пак, денеска изјави дека власта има намера да го апси токму пред референдумот.

„Сакаат да ме затворат во предвечерието на референдумот. Се сведоа на предмет во кој сум обвинет за дело набавка на службено возило. Да не беше смешно, ќе беше трагично“, рече Груевски.

Опозицијата се` уште не кажува како ќе се постави во однос на референдумот - дали ќе излезе да гласа или ќе бојкотира.

Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ на средбата со координаторот за Западен Балкан во гермнакото МНР Кристијан Хелбах, порачал дека „ставот на ВМРО-ДПМНЕ останува во рамките на веќе укажаните забелешки за Договорот со Грција, и оти партијата не може да го поддржи“.

Се очекува и дополнителен притисок од посетата на германската канцеларка Ангела Меркел која доаѓа во Скопје на денот на независноста.

Пред Меркел, во наредните денови во Скопје доаѓаат и генералниот секретар на НАТО Јенс Столтенберг и австрискиот премиер Себастијан Курц во мисија на поддршка на договорот со Грција.

Facebook Forum

XS
SM
MD
LG