Линкови за пристапност

Новото невреме во САД „опасно по живот“


Новото невреме во САД „опасно по живот“
Новото невреме во САД „опасно по живот“

Градовите Милвоки, Сент Луис и Чикаго се подготвуваат за најсилен удар

Големо невреме, што донесе мраз, снег и град во среднозападниот дел на САД, според прогнозите ќе биде едно од најголемите во последните неколку години. Националната метеоролошка управа изаде соопштение во кое ги повика Американците да останат дома бидејќи патувањето е „невозможно“ а условите се „опасни по живот“.

Градовите Милвоки, Сент Луис и Чикаго се подготвуваат за најсилен удар – метеоролозите во наредниот ден таму предвидуваат над 46 сантиметри снег и ветришта до 64 километри на час. На сила се предупредувања за зимско невреме на повеќе од половина од територијата на САД – од Тексас, преку Илиноис, па се` до Мејн.

Авиокомпаниите презакажуваат или откажуваат летови во регионот опфатен од невремето и дозволуваат патниците да ги сменат картите без да доплатат за тоа.

Невремето беше причина и претседателот Обама да ја откаже посетата на универзитет во Пенсилванија.

XS
SM
MD
LG