Силно зимско невреме зафати голем дел на САД, прекинувајќи го воздушниот и копнен сообраќај. Денес беа откажани над 5,500 лета. Вчера, пак, преку 6,400.
На удар се североисточните и централните делови на САД. Во Чикаго, сојузната држава Илиноис паднаа над половина метар снег, а во делови на Мисури, Индијана, Канзас, Оклахома и Њујорк – 30 и повеќе.
Училиштата и локалните влади ширум земјата останаа затворени. Во Чикаго, каде студеното време не е невообичаено, јавните училишта се затворени за првпат во последните 12 години.
Властите го повикаа населението да остане дома.