Стручњаци на сведочење во Конгресот минатата недела подвлекоа дека ќе бидат потребни месеци, па и години, пред целосно да се дознаат последиците врз здравјето од нафтеното излевање во Мексиканскиот Залив. Тие подвлекоа дека не може во целост да предвидат како ќе се одрази ситуацијата врз локалните жители или пал работниците вклучени во чистењето.
Џон Хауард, директор на Националниот институт за трудова медицина кажа дека барем во моментов, повеќето здравствени поплаки не се од сериозен карактер.
„Најмногу има случаи има кожна или респираторна иритираност од различни хемикалии што ги ги содржи непреработената нафта како и нафтените дисперзанти. По секој допир со нафта - заложително да се мијат раце. Можни се иритации на очите, носните канали и грлото при близок контакт со непреработената нафта“, рече Хауард.
Тој наведе и дека на долгорочен план, може да се појават мачнина, главоболка и емотивни проблеми. Работниците кои ја чистат излеаната нафта се жалат и на топлотни удари. Отворена е мобилна здравствена клиника за пружање помош на работниците.
Претстојната сезоната на урагани може дополнително да ги компликува опасностите по здравјето. Сенаторите се загрижени дека овој вид на невреме може да ја разнесе излеана нафта кон копното, со што поголем број на луѓе ќе бидат изложени на штетните хемикалии.
„Иако постојат планови за евакуација во случај на ураган., не сум сигурен дека во нив е предвидено чистење од нафтено излевање“, рече сенаторот Том Харкин од Ајова.
Доктор Лиса Карповиц е заменик-помошник секретар за политички прашања при американскиот Оддел за здравство. Таа отворено порача: „Не знаеме какво ќе биде влијанието врз жителите. Секако дека поинтензивно ќе вршиме здравствено набљудување на локалните заедници“.
Ниту еден од здравствените експерти на распитот не можеше да каже колку долго хемикалиите и дисперзантите ќе го задржат отровното дејство.
Официјални лица од Одделот за здравство повикаа на формирање независнo тело од научници што ќе истражува широк круг на прашања поврзани со излеаната нафта.
Засега, Американската администрација за храна и лекови вели дека водата за пиење во регионот е добра за пиење, како и дека поради забраната за риболов, морската храна во рибарниците и рестораните не е штетна по здравјето.