Линкови за пристапност

Белата куќа ја повтори поддршката за изградба на џамија близу „граунд зиро“


Белата куќа ја повтори поддршката за изградба на џамија близу „граунд зиро“
Белата куќа ја повтори поддршката за изградба на џамија близу „граунд зиро“

Американскиот претседател Барак Обама го повтори убедувањето дека муслиманите имаат право да изградат џамија во близина на „граунд зиро“, местото на терористичките напади од 2001-та во Њујорк.

На прес-конференцијата петокот, Обама изјави дека неотуѓивото право на Американците на верска слобода значи дека доколку може да се изгради црква или друг верски објект на одредено место, тогаш таму може да се подигне и џамија.

Критиката вели дека предлогот за изградба на исламски културен центар во близина на местото каде се наоѓаа кулите-близначки на Светски трговски центар е чин на непочитување на загинатите во нападите.

Американскиот лидер истакна дека има разбирање за големата чувствителност поради нападите врз САД на 11-ти септември 2001 од страна на Ал Каида, но подвлече дека САД не се во војна против исламот, туку против терористичките организации кои, како што кажа, го изобличиле исламот и „погрешно го употребиле“ за да се впуштат во деструктивни чинови.

Обама додаде дека САД мора јасно да знаат кој им е непријател и не смеат да прават разлика меѓу Американците со муслиманско потекло и Американците од друга вероисповед.

XS
SM
MD
LG