Линкови за пристапност

Дискавери на последна мисија, спејс-шатловите пред пензионирање


Дискавери на последна мисија, спејс-шатловите пред пензионирање
Дискавери на последна мисија, спејс-шатловите пред пензионирање

НАСА планира да стави крај на 30-годишната програма во април.

Минатата недела, спејс-шатлот Дискавери се вивна во небото на последна, 39-та мисија, со која 30-годишната програма на НАСА со овој вид на вселенски летала ќе биде еден чекор поблиску до крајот планиран годинава. Спеј-шатловите со текот на времето станаа технолошката икона на САД, неуморно пренесувајќи астронаути и опрема за Меѓународната вселенска станица.

Дискавери стана редовен посетител на орбитата на Земјата од првиот лет во 1984-та. Тој е најстарото летало во употреба од флотата на спеј-шатлови на НАСА.

„Дискавери е одлично летало. Ова е негова 39-та мисија, а ќе имаше уште многу мисии, ако програмата продолжеше, што, за жал не се случи. Горчливо е чувството дека ова ќе биде негов последен лет, но Дискавери ја заврши својата задача во орбитата и безбедно ќе ги врати астронаутите на Земјата“, вели директорот на летот Мајк Лајнбах.

Дискавери со себе понесе 3855 килограми опрема за Меѓународната вселенска станица, меѓу што и складиште со со намирници, резервен радијатор и хуманоиден робот - Робонаут 2. Роботот ќе им помага на астронаутите во и надвор од вселенската станица, за поправки и други мануелни задачи.

За време на долгогодишната кариера, Дискавери беше вистинска движечка сила, вели кустосот за спејс-шатлови при Музејот за авијација и аеронаутика во Вашингтон, Валери Нил.

„Дискавери пренесуваше сателити. Не само што ги транпортираше, туку и ги поправаше. Има носено научни лабаратории. Заслужен е за пренесување на вселенскиот телескоп Хабл и го има во два наврати вратено на Земјата за поправки. Има летано двапати до руската вселенска станица Мит и тринаесетпати до Меѓународната вселенска станица“, наведува Нил..

Леталото е неодвоив дел од многу историски моменти. Беше првото што се врати во вселената по фаталните инциденти на шатлите Челинџер и Колумбија, а и прво управувано од жена-пилот.

Валери Нил коментира дека и покрај неизбежната опасност што ја носи летањето во вселената, Дискавери одиграл голема улога правејќи ги работите – рутински.

„Нема друг случај, постојано да се лета со едно исто летало 30 години“, вели Нил.

НАСА планира уште две мисии, по една со преостанатите летала Ендевор и Атлантис, пред спејс-шатл програмата да згасне конм крајот на годинава. НАСА потоа ќе мора да се потпре на европски, руски и јапонски ракети кои ќе носат астронаути и намирници во орбитата, се` додека американските комерцијални вселенски летала не станат целосно оперативни. Проценката е дека тоа ќе се случи во наредните пет години.

Дискавери и другите спејс-шатли, пак, најверојатно ќе најдат нов живот како постојани музејски поставки.

XS
SM
MD
LG