Линкови за пристапност

Клинтон ја заврши европско-кавкаската турнеја во Грузија


Американската државна секретарка Хилари Клинтон ја заврши петдневната турнеја по централна Европа и јужниот кавкаски регион со посетата на Грузија

Американската државна секретарка Хилари Клинтон ја заврши петдневната турнеја по централна Европа и јужниот кавкаски регион со посетата на Грузија.

Зборувајќи пред група жени-лидери кусо време по пристигнувањето во главниот град Тбилиси, секретарката Клинтон се заложи за поддршка за поранешната советска република и ја критикуваше руската окупација на отцепените грузиски региони Јужна Осетија и Абхазија.

Државната секретарка ќе се сретне со грузискиот претседател Микхаил Саакашвили за време на неговата куса посета на оваа држава.

Клинтон ги посети, Украина, Полска, Азербејџан и Ерменија и треба во вторник да се врати во Вашингтон. Таа рече дека подобрените односи на администрацијата на Обама со Русија ќе бидат од корист за поранешните советски републики и сојузниците кои ги посети за време на турнејата.

Зборувајќи во главниот град на Ерменија, Ереван, таа рече дека несогласувањата меѓу Русија и Грузија не треба да се одразат врз американско-руската соработка во други области.

XS
SM
MD
LG