Линкови за пристапност

Владата ќе испрати дипломат во Португалија да се забрза процесот за почеток на преговорите со ЕУ


Со регионални иницијативи Скопје ќе се обидува да го деблокира евроинтеграцискиот процес
please wait

No media source currently available

0:00 0:02:44 0:00

Според првите контакти, португалското претседателство има серозна намера да се ангажира, процесот да се продолжи таму каде го остави германското претседателство, рече Османи

Со директна комуникација, но, и со помош на регионални иницијативи, Скопје ќе се обидува да го „скрши мразот“ со Софија и да го деблокира евроинтеграцискиот процес, кој од декември е закочен поради бугарското вето.

Во првиот работен ден од 2021, шефот на дипломатијата Бујар Османи, пред јавноста обелодени две иницијативи, од кои едната е директно насочена на зајакнување на соработката со Софија преку трилатерален проект – „Иницијатива 8“, Албанија, Северна Македонија и Бугарија да ги засилат сите врски за да се поврзе регионот од Јадранското до Црното Море.

Министерот Османи најави дека очекува средба со бугарската колешка Захариева, конкретно за оваа иницијатива, ако биде прифатена и од Тирана и од Софија.

Тој уверува дека Владата, иако разочарана од минатогодишниот неуспех да се омекне бугарската позиција, е подготвена веднаш да ги продолжи разговорите.

„Се разбира, ние сме спремни уште од денеска да почнеме со комуникација затоа што мислиме дека е важно да не се изгуби ниту еден ден, се` со цел да се фатат роковите на идните самити на ЕУ за да се почнат преговорите за членство. Немаме никаква резерва, во однос на тоа прашање нашите ставови се јасни, има разработени бројни предлози во изминатиот период. Дел од нив се комуницирани со Бугарија и очекувам тие да бидат основа за натамшно продолжување на разговорите“, рече Османи.

Какви се тие предлози, Османи не открива - вели дека станува збор за идеи кои се` додека и Софија не ги оцени за прифатливи е некоректно да се откриваат во јавноста.

Засега, Бугарија нема одговор на предлог-документите добиени од земјава. Министерот не мисли дека актуелното претседателство со Унијата – Португалија, нема да се фокусира на македонското прашање, како што тоа беше случајот со Германија.

„Според првите контакти со португалското претседателство, тоа има серозна намера да се ангажира процесот да се продолжи од таму каде го остави германското претседателство, и побрзо да се најде решение за разликите со цел да се одржи првата меѓувладина конференција, односно да се усвои преговарачката рамка. Деновиве ќе испратиме дипломат во Португалија, со цел тој да биде во контакт со португалските власти“, рече тој.

На првиот работен ден од оваа година шефот на дипломатијата се координирал со премиерот за ситуацијата со Бугарија, со цел да се утврдат насоките за идната комуникацијата со Софија, но и динамиката на чекорите што ќе следат за можно надминување на разликите.

Facebook Forum

XS
SM
MD
LG