Линкови за пристапност

Илинден и годинава се слави во Вашингтон


Градоначалничката Мјуриел Бaусер втора година по ред го прогласи најголемиот македонски празник за Ден на македонско-американско наследство во Вашингтон

Градоначалничката на Вашингтон Мјуриел Бaусер и годинава го прогласи Илинден за Ден на македонско-американско наследство во Вашингтон, објави Обединетата македонска дијаспора (ОМД).

„Додека денес Обединетата македонска дијаспора и македонско-американската заедница го одбележуваат Илинденското востание од 1903 година, бунт во потрага по слободна, независна и суверена Македонија, и додека македонската независност првично беше краткотрајна, Илинденското востание значително резултираше со формирање на првата демократска република во Југоисточна Европа и ги постави темелите за ослободување и независност во 1991 година“, се вели во изјавата за ОМД од градоначалничката Баусер.

Баусер прави паралела меѓу борбата за самоопределување на Македонија со борбата за прогласување на градот Вашингтон за сојузна држава.

„ Додека историската борба на Македонија за самоопределување е паралелна со денешната борба за државност на нашиот град, која одекнува со македонско-американската заедница во Вашингтон, која стои солидарна со нас, и додека Вашингтон е горд што ги слави културните традиции, потекло, храна, јазици, историја и огромните жртви на македонската заедница, ние исто така можеме да научиме од бескомпромисните концепти на нивните предци за слобода, независност и еднаквост, кои фундаментално го променија текот на македонската историја и го зајакнаа народот да остави храбро наследство во својата татковина и низ целиот свет“, рече Баусер.

ОМД соопшти дека Илинден и АСНОМ ја симболизираат недвосмислената определба на македонскиот народ за независност, и оти во време на „активна ревизија на историјата од страна на соседите Грција и Бугарија“, Македонија заслужува да стане дел од Европската Унија, и оти македонскиот народ има право на независност меѓу народите“.

Facebook Forum

XS
SM
MD
LG