Вилма Трајковска, сопруга на загинатиот претседател Борис Трајковски, ќе работи на унапредување на лидерските вештини на македонските иселенички во САД.
Таа неодамна стана почесен член на Советот на Обединетата македонска дијаспора (ОМД) за промивирање на програмата за жени лидери во различни области.
„Општествената служба е многу значајна за мене. Таа ми дава инспирација да го продолжам наследството на Борис. Општествената служба е суштинска вредност на моето семејство“, рече Трајковска, која доби награда за општествени заслуги од ОМД.
Трајковска најави дека ќе продолжи да работи на унапредување на визијата за мир и градење дијалог, преку доделување стипендии на студенти, со цел добивање квалитетно образование.
Претседателот на ОМД Мето Колоски вели дека ваквиот ангажман на Трајковска ќе допринесе за подобрување на релацијата Македонија - САД.
„Ќе се унапредат потенцијалот и улогата на жената во сите области на секојдневното живеење, особено во секторите бизнис, наука и иновација. На ваков начин, се надеваме дека македонските жени во дијаспората ќе ги мотивираат жените во Македонија, и обратно“, рече Колоски.
Покрај Трајковска, награда за пријателство со Македонија поради заслуги за промоција на државата во Брисел, доби и Маријана Петир, пратеничка во Европскиот парламент од Хрватска.
Facebook Forum