Линкови за пристапност

САД остануваат посветени на поддршката на Македонија


САД остануваат посветени на поддршката на Македонија
please wait

No media source currently available

0:00 0:02:28 0:00

Ова го порача помошникот-државен секретар за Европа и Евроазија во Стејт департментот Вес Мичел, по денешната средба со владиниот врв во Скопје

Вашингтон, според Мичел, сака да ја види Македонија, како што ја нарече, регионален партнер и сојузник, како дел од НАТО-структурите, за што и ја охрабрува да го продолжи дијалогот со Грција за прашањето за името.

„Ја повторив и поддршката на САД за патот на Македонија кон Западот во однос на реформите и евентуалното зачленување во НАТО и ЕУ. За прашањето за името би сакал да кажам дека САД ги поддржуваат двете земји и напорите за изнаоѓање заедничко решение, актуелните услови се подобри од кога и да било и сакаме да се искористи максимумот од можностите. Многу е важно за Македонија и Грција да продолжат со темпото што го одредија и да имаат основа врз која ќе преговараат. Сакам да бидам јасен дека САД ги поддржуваат во тој процес“, изјави помошник-државниот секретар, Вес Мичел.

Проценките на Стејт департментот се дека и Македонија и Грција презеле чекори, коишто го унапредуваат процесот и дека има напредок во преговорите. Мичел вели дека се свесни дека НАТО-Самитот се наближува, но и дека не постои точно утврден тајминг до кога треба да се надиме спорот со Грција. Дали администрацијата во Вашингтон планира директно да се вклучи во процесот?

„Подолг период САД се инволвирани и ние ќе продолжиме да бидеме инволвирани. Треба да учиме од минатото искуство и треба да го димензионираме тајмингот и нашата улога за да одговараат на дадените околности. Ве уверувам – активно сме заинтересирани, стратешки, политички за сите принципи за кои се бориме на Балканот, од НАТО и ЕУ преспектива. Оттука, ќе видите дека САД се силно посветени на овој процес, ќе видите дека јас и администрацијата сме посветени да им помогнеме на двете страни. Истровремено, признаваме дека единствено одржливо решение е она кое двете страни ќе го договорат. Охрабрени сме од потезите на двете страни, ние тоа го поддржуваме, скаме тоа да го сториме на вистинскиот начин, но ние не можеме да преземаме одлуки наместо вас или Грците. Но, уверувам дека ние ќе бидеме тука за да помогнеме“, истакна Мичел.

„Ние со Бугарија го решивме проблемот, дај Боже да им соопштиме на нашите пријатели дека постигнавме решение и со Грција. Ќе продолжиме со преговорите, но ако има проблем повторно очекуваме помош од нашите пријатели“, истакна премиерот Зоран Заев.

Ова е прва посета на Мичел на Балканот во ова својство. Утре е во Белград, а во четврток има средби во Атина, каде се очекува да ги пренесе впечатоците и разговорите што ги имаше со македонската влада за прашањето за името.

Facebook Forum

XS
SM
MD
LG