Линкови за пристапност

Стејт департмент со честитки за новата Влада


„Соединетите Американски Држави им честитаат на премиерот Зоран Заев и на парламентарното мнозинство, за формирањето на новата влада во Македонија“, се вели во соопштението на портпаролката на Стејт департментот Хедер Ноерт.

Во соопштението се додава:

„Како пријател и партнер на Македонија, САД со нетрпение чекаат да почнат да соработуваат со новата влада, во стремежот да ги исполни евроатлантските аспирации, преку имплементација на итните реформи, кои ќе го зајакнат владеењето на правото, независноста на судството, реформите во медиумите и отчетноста на владата".

Facebook Forum

XS
SM
MD
LG