Линкови за пристапност

Кирби: Интересите на Македонија на прво место


Американскиот Стејт департмент апелира до преговарачите да продолжат со имплементирањето на договорот од јули.

На редовниот брифинг за новинарите, на нашето прашање да го коментира најновиот развој на настаните во Македонија, портпаролот на Стејт департментот, Џон Кирби, кажа:

„Ги охрабруваме македонските лидери да го надоградат напредокот што веќе го постигнаа со имплементирањето на политичкот договор од 15-ти јули, којшто всушност претставува најдобар начин за излез од кризата и отварање на пат за кредибилни избори во април, наредната година. Партиите го испуштија клучниот рок да се согласат по сериозни прашања поврзани со формирањето на влада, заштита на таканаречените “свиркачи” и заштита на приватноста.

Македонските лидери минатиот месец направија важен чекор со назначување на специјалната обвинителка, на којашто сега треба да и’ се обезбедат ресурси и персонал што таа одреди дека и’ сe потребни, за да го исполни својот мандат. Политичките партии не треба да се залагаат да влијаат или да го попречат извршувањето на овие задачи.

Се надеваме дека додека работните групи ги продолжуваат разговорите, сите инволвирани страни, интересите на државата, ќе ги стават на прво место, воедно повторувајќи ја својата определба за интеграција на Македонија во евро-атлатските структури”.

XS
SM
MD
LG