Линкови за пристапност

Модернизацијата на Армијата ќе ги заштити националните интереси на државата, рече Пендаровски


Државно-владиниот врв се сретна во Кабиентот на шефот на државата
please wait

No media source currently available

0:00 0:01:31 0:00

Денес, Советот за безбедност, ги разгледувал проектите и активностите за развој и одржување на капацитетите на одбраната

Државно-владиниот врв се сретна во Кабиентот на шефот на државата Стево Пендаровски. Заседаваше Советот за безбедност, но, за разлика од изминатите седници кога се зборуваше за пандемијата, вонредната состојба, изборите, денеска се дебатираше за стратешките набавки во Армијата.

Советот ги разгледувал „проектите и активностите за развој и одржување на капацитетите на одбраната предвидени со Долгорочниот план за развој на одбранбените способности 2019-2028 година“.

„Највисока стратешка цел на Република Северна Македонија како 30-та членка на НАТО е координиран развој и одржување на оперативните способности на одбраната. Опремувањето и модернизацијата на Армијата овозможува државата да ги проектира и заштити своите витални национални интереси, а со тоа да ја зајакне својата геополитичка и гоестратегиска положба“, се вели во соопштението од Кабинетот на Пендаровски.

Долгорочниот план е документ што предвидува „динамична набавка на современа опрема во согласност со приоритетите за остварување на соодветни НАТО-цели на способности“.

Овој план се базира на стабилно буџетирање на одбранaта на подолг период, со постепен раст од 0,2 проценти на годишно ниво до постигнување на 2 отсто од Бруто-домашниот производ за одбрана.

Како дел од процесот на модернизација на Армијата, на крајот на 2020, Владата донесе одлука за купување лесни оклопни возила од САД, кои пред десетина дена на земјава и донираа повеќе од 1200 М-4 автомастки пушки.

Facebook Forum

XS
SM
MD
LG