Линкови за пристапност

Нашето партнерство со Северна Македонија ќе биде цврсто и низ транзицијата на администрацијата на САД, рече Рикер


Рикер: Партнерството меѓу САД и Северна Македонија е исклучително цврсто
please wait

No media source currently available

0:00 0:02:26 0:00

Во овие 25 години на промени, нашата цел за безбедна и просперитетна Северна Македонија останаа исти, и нашите надежи за земјата се на линија на патот на евроатлантска интеграција, рече американскиот помошник-државен секретар

Исклучително цврсто, така Филип Рикер го нарече партнерството меѓу САД и Северна Македонија. Актуелниот помошник-државен секретар за Европа и Евроазија, се приклучи на денешното одбележување на 25-годишнината од воспоставувањето дипломатски односи меѓу Вашингтон и Скопје.

Рикер, кој беше и американски амбасадор во земјава, потсети на почетоците на американското дипломатско присуство – од канцеларија за врски со неколку луѓе до нова амбасада на скопското Кале.

„Низ годините бевме со Северна Македонија и во добро и во лошо стремејќи се да ја оствариме заедничката визија за побезбедна и попросперитетна иднина. Бевме со вас за време на Привремената спогодба со Грција, за време на Охридскиот договор, Договорот од Пржино и конечно историскиот Преспански договор што ја отвори вратата за членство на вашата земја во НАТО. Во овие 25 години на промени нашата цел за безбедна и просперитетна Северна Македонија останаа исти и нашите надежи за земјата се на линија на патот на евроатлантска интеграција. Нашето партнерство е исклучително цврсто и така ќе биде додека САД минува низ транзиција на администрација во наредниот период“, изјави Филип Рикер, помошник-државен секретар на САД.

Шефот на дипломатијата се заблагодари за американската поддршка во изминатите години.

„Дипломатските односи меѓу нашите земји во текот на изминатиот четвртина век отсекогаш биле топли и пријателски, засновани врз заеднички вредности и стратешко партнерство. Неодамна со нашето членство во НАТО ова партнерство се претвори во сојуз, што е голема привилилегија, но, уште поголема одговорност и мотивација да работиме заедно во одржување на мирот, стабилноста и просперитетот на нашата земја и регионот“, рече Бујар Османи, министер за надворешни работи.

Токму во мандатот на актуелната американска амбасадорка Кејт Брнз, се реализираше целта на која работеа нејзините претходници – прием на земјата во Алијансата.

„Бев многу задоволна што во март бев тука за да присуствувам на зајакнувањето на нашето партнерство со целосното заслужено зачленување на земјата во НАТО како 30-та членка. Нашите армии создадоа трајно партнерство во заедничките обуки, но и борби едни покрај други“, вели Брнз.

Специјално издание на поштенска марка денеска беше промовирано по повод 25-годишниот јубилеј од воспоставувањето на дипломатски односи меѓу двете земји.

Facebook Forum

XS
SM
MD
LG