Линкови за пристапност

Рикер: Нашата надеж за вас е просперитетен Западен Балкан


Рикер: Преспанскиот договор е историски исчекор
please wait

No media source currently available

0:00 0:01:59 0:00

Актуелниот врвен цивилен претставник на американските сили во Европа го посети Скопје

Историски – така Филип Рикер го нарече Преспанскиот договор. Актуелниот врвен цивилен претставник на американските сили во Европа, кој точно за две седмици ќе ја преземе позицијата помошник државен секретар за европски и евроазиски прашања, денеска во Скопје, освен што го поздрави имплементирањето на Договорот од Преспа, го нарече и пример за решавање на другите проблеми на Балканот.

„Успехот на Преспанскиот договор е сведоштво за тоа што напорната работа и компромисот можат да постигнат ако лидерите покажаат соодветно водство. На двајцата премиери треба да им се честита. Верувам дека и другите лидери на Западниот Балкан учат од ова искуство – дека може да се надминат длабоките конфликти од минатото“, изјави Рикер.

Ги повика Белград и Приштина да ги нормализираат односите и да дојдат до одржливо решение и Косово веднаш да укине високите царини кон Србија. Ја повика Албанија да ја искорени корупцијата и да овозможи владеење на правото.

Од Северна Македонија очекува да го задржи реформскиот курс и да се посвети на клучни судски реформи. Предупреди дека регионот однадвор го демнат, како што ги нарече малигни влијанија, особено од Русија.

„Нашата надеж за вас е просперитетен Западен Балкан, на иста линија со нашите заеднички вредности, целосно интегриран во западните институции, отпорен на дестабилизирачки и малигни надворешни влијанија кои би ги попречиле вашите амбиции“, рече Рикер.

Идниот прв човек на Стејт Департментот за Европа и Евроазија уверуваше дека САД остануваат посветени на поддршката на Балканот и дека трансатлантското партнерство останува клучно за американската администрација. Рикер, кој за 14 дена ја презема новат должност важи за одличен познавач на регионот – од 2008 до 2011 беше амбасадор во земјава, а во 90-тите години беше задолжен за односи со јавност во американската амбасада во Скопје. По неколку години поминати на други позиции, Рикер пак ќе биде присутен во регионот, но од далеку повисока позиција.

Facebook Forum

XS
SM
MD
LG