Линкови за пристапност

Средби во Конгресот за Македонија


Денес почнува четвртата Македонско-американска лидерска конференција во Вашингтон, во организација на ОМД

Средби и брифинзи во Конгресот, за односите меѓу Македонија и САД, ќе бидат дел од четвртата Македонско-американско лидерска конференција во Вашингтон, организирана од Обединетата македонска дијаспора (ОМД).

Конференцијата, која ќе трае од денес до сабота, предвидува состаноци со сенатори, членови и вработени во Конгресот, во однос на идната соработка меѓу двете држави, како и брифинг во Стејт департментот, за моменталните предизвици со кои се соочува Македонија.

Предвиден е и разговор за американската политика со амбасадорот на САД во Македонија Џес Бејли.

Претседателот на ОМД Мето Колоски, вели дека целта на Конференцијата е да се зголеми Конгресната група на пријатели за Македонија, во која сега членуваат 32-ца конгресмени.

Тој најави дека теми на разговор ќе бидат и полноправното членство на Македонија во НАТО, унапредување на помошта од САД кон Македонија, особено на економски и на безбедносен план, продолжување на работата на Гласот на Америка на македонски јазик, како и зачувување на територијалниот интегритет и суверeнитет на Македонија.

„Групата ќе лобира членови на Конгресот да потпишат писмо до државниот секретар на САД Рекс Тилерсон, со кое ќе побараат од него да ја посети Македонија“, вели Колоски, нагласувајќи дека државата не ја посетил ниту еден американски државен секретар од 2003-та, наваму.

Покрај средби и состаноци, Колоски истакна дека се предвидени и вечерни приеми, на кои ќе присуствуваат гости од САД, Македонија, Канада, Австралија и од Романија, а за првпат во Конгресот ќе настапи и македонската фолклорната група „Гоце Делчев“ од Њу Џерси.

Facebook Forum

XS
SM
MD
LG