Линкови за пристапност

Никој никому не може да кажува како да се вика


Никој никому не може да кажува како да се вика
please wait

No media source currently available

0:00 0:02:04 0:00

Порака од турскиот премиер до Заев, при денешната посета на Анкара, на прашањето за спорот со Грција

Економската соработка, процесот за името, поддршката за членство во НАТО, но, и присуството на ФЕТО во Македонија - за овие теми денеска во Анкара разговараше македонскиот премиер со турскиот државен врв.

Голем дел од заедничката прес-конференција на Зоран Заев и Бинали Јилдирим помина во знакот на организацијата на Фетула Ѓулен, која владејачката постава во Турција ја обвинува за обидот за преврат во 2016-тата.

Надлежните во Анкара добиле уверувања од Заев дека наскоро и во Македонија ќе им се стави крај на активностите на организациите поврзани со ФЕТО на Ѓулен, кој со години живее и делува од САД.

За прашањето за името, Турција го повтори ставот - никој никому не може да му кажува како да се именува.

„Турција е првата земја што ја призна РМ под нејзиното уставно име. Името на една земја го определува самата, а не некои други. Ниту една друга земја го има тоа право. Тоа е погрешна постака. Но, и покрај се, во однос на проблемите со Грција, мислам дека со разговори и со добра волја ќе може да се решат. Земјите-соседи треба проблемите да ги решаваат низ дијалог. И ние имаме слични проблеми со Грција и му придаваме значење на надминување на проблемите преку дијалог“, рече Јилдирим.

Заев, пак, изрази уверување во поддршката.

„Турција како пријател поддржува решение за двете страни, зашто тоа е единствено можно решение за нашиот пат кон НАТО и ЕУ. Убеден сум дека со вакво охрабрување и поддршка од најголемите пријатели на Македонија ќе се изнајде решение за овој проблем постар од 25 години, што Грција го има со нашето уставно име“, изјави Заев.

Додека македонскиот премиер, по неколкугодишна пауза, е во посета на Анкара, од Атина, во пресрет на новата рунда разговори, дојдоа нови пораки.

Сложено име и за надворешна и за внатрешна употреба, за кое треба уставна промена и повлекување на секакви сомнежи за иредентистички ставови, е рамката што го гарантира затворањето на проблемот - порача грчкиот премиер Ципрас, по состанокот со пратеничката група на неговата СИРИЗА.

Facebook Forum

XS
SM
MD
LG