Линкови за пристапност

МНР молчи за можни структури во Македонија поврзани со Ѓулен


МНР молчи
please wait
Embed

No media source currently available

0:00 0:01:37 0:00

Државната турска новинска агенција „Анадолија“ наброја неколку организации од Скопје, Струга, Тетово, Гостивар и Струмица, кои се нарекуваат терористички

Македонското министерство за надворешни работи молчи на прашањето дали турските власти побарале од надлежните во земјата да преземат мерки против одредени организации, кои официјална Анкара ги смета за дел од мрежата на Фатула Ѓулен, кого турскиот претседател Таип Ердоган го посочи како одговорен за неуспешниот воен удар.

„Немаме одговор“, кусо ни кажа МНР.

Турски претставници засега официјално не ја посочиле Македонија како земја каде можеби функционираат структури, кои тие ги карактеризираат за терористички, поради наводните релации со Ѓулен.

Но, државната турска новинска агенција „Анадолија“ објави текст, во кој се набројани неколку организации од Скопје, Струга, Тетово, Гостивар и Струмица, кои се нарекуваат терористички.

Тие, според агенциската анализа која се однесува на Западниот Балкан, се од сферата на образованието, транспортот, медиумите, здравството и туризмот.

Имајќи го предвид фактот дека „Анадолија“ е новинска куќа која се финансира од државата, прашањето дали Анкара гледа проблематични структури во Македонија, денеска беше поставено до турскиот амбасадор во земјата Омур Шолендил.

Неговиот одговор беше неодреден, упати на адреса на агенцијата и остави простор за претпоставки.

„Не знам дали има грешка во преводот, јас само велам дека не можам да потврдам. Велам ниту има, ниту нема“, изјави турскиот амбасадор Омур Шолендил.

XS
SM
MD
LG