Линкови за пристапност

Македонец на светското првенство во теквондо во Пјонгјанг


Искуството на Македонец на првенството во теквондо во Северна Кореја
please wait

No media source currently available

0:00 0:02:26 0:00

Марјан Лазаревски од Охрид беше единствениот претставник на Македонија на првенството во теквондо што неодамна се одржа во Северна Кореја

Во услови на затегнати политички односи со САД и останатиот свет, Пјонгјанг на едно место собрал учесници од 70 држави, со исклучок на САД и речиси сите земји од Јужна Америка.

Лазаревски вели дека заминал полн со прашалници и недоверба. Очекувал дека ќе се соочи со режим и затегната политичка атмосфера.

„Сите што патуваа беа пред се` скептични, со резерва. Очекуваа режим, диктатура, малтретирање. Првото стапнување на аеродром имавме контрола и проверка. Не беа достапни „Џи-Пи-Ес“. Не ни` беше достапно користење на телефонски линии и нивен интернет, а се` друго ни` беше дозволено“, истакна Марјан Лазаревски, претставник на Македонија на светското првенство во теквондо.

За Севернокорејците вели дека на почеток настапуваат со резерва кон оние однадвор. Еве како ја доживеал Северна Кореја.

„Кај корејскиот народ пред се` е колективната свест, а потоа индивидуалната. Тие не се оптоварени за личен интерес. Нема никаква напнатост, се живее таму како да е 100 години мир. Системот е како пред 30 години во Југославија, но малку повеќе стегнато“, истакна Лазаревски.

Се интереисирал и за односите на нивната држава со Америка, но вели дека луѓето ја одбегнувале таа тема.

„Има некој режим. Има ред. Законот важи за сите и во тоа општество се почитува знаењето и трудот. Се чувствува хиерархија и за секој народ има посебна униформа и по униформата знаеш кој што и како е“.

Лазаревски, кој е и претседател на Македонската текводно федерација, вели дека за овој спорт има се` поголем интерес во државата. Она што особено му останало во сеќавање од Пјонгјанг, е што во историскиот Музеј на светската теквондо мапа, Македонската теквондо федерација била напишана под уставното име, исто како и неговиот настап на првенството.

Facebook Forum

XS
SM
MD
LG