Линкови за пристапност

Се подготвува нов механизам за контрола на Судскиот совет


Врховниот судија Џемали Саити за судските реформи од планот 3-6-9
please wait

No media source currently available

0:00 0:02:35 0:00

Врховниот судија Џемали Саити, во интервју за Гласот на Америка, зборува за потребните судски реформи од планот 3-6-9 на Владата

Предлагаме нов механизам за контрола на Судскиот совет, кој сега не одговара пред никого, вели Џемали Саити, претседател на Здружението на судии на Македонија, кој учествува во изготвување на судските реформи од планот 3-6-9 на Владата.

Саити вели дека членовите на Советот би давале отчет пред избирачите, а тоа би биле судиите кои учествувале во нивниот избор.

„Предлагаме полупрофесионален Судски совет, што би значело дека судиите, истовремено би биле и членови на Советот и би ја работеле судската функција. Тоа значи дека судијата нема да се отуѓи од базата, ќе сочувствува со проблемите, и ќе имаме секојдневна комуникација меѓу членовите на Судскиот совет и судиите“, вели Саити, кој нагласува дека Судскиот совет сега одговара само со формален извештај пред Собранието.

Тој нагласува дека е загрижен од евентуалниот клиентилистички став на судиите во однос на новата Влада, што би значело враќање на стартна позиција.

„Мислам дека самата наша вклученост во Владата ќе резултира со добри решенија, кои формално ќе ги спречат овие активности, но, сепак битни се и личните аспекти на еден судија, односно прашањата за интегритет – како тој судија се поставува пред новите предизвици, кои секако не се мали“, рече Саити.

Според него, новиот Буџет засега не навестува финансиска независност на правосудните органи, но, очекува учеството во работните групи на Владата да доведе до евентуално остварување на законскиот минимум од 0,8 отсто од Бруто-националниот производ.

На прашањето дали се проблематизира надлежноста на Специјалното јавно обвинителство пред Врховниот суд, Саити рече дека СЈО има пристап до речиси сите активности и постапки во судовите, и оти се постапува по нивните барања.

Тој деновиве ги посети САД, за да учествува во низа активности за запознавање со американскиот судски систем, во рамки на програма на Стејт департментот.

Вели дека првиот совет што го добил од САД е судиите во Македонија да бидат практични и реални кон проблемите

„Македонија е исправена пред неопходни реформи. Основата се документите од Европската унија, но, најважни се американските принципи. Оваа посета е добра основа да ги вградиме овие принципи во целиот сплет активности кои се одвиваат во државата“, изјави Саити.

Убеден е дека на Македонија и недостига судски систем, кој не остава сомнеж во функционирањето, и оти е крајно време да се престане со затскривање зад законски норми, кои воглавно се иделани, но, не овозможуваат реален развој.

Facebook Forum

XS
SM
MD
LG