Линкови за пристапност

Еден ден кога Струмица станува Рио

  • Синиша Станковиќ

Струмичкиот фестивал 2017 беше експлозија на бои, музика и илјадници воодушевени следбеници на четиричасовното дефиле со околу 2.000 учесници и 40 групни и поединечни маски.

Големото дефиле на Струмица карневал 2017 претстави извонредни креации на костими и групни маски, подготвувани со месеци за настанот што ќе се одбележува неколку денови околу големиот празник Прочка, посветен на простувањето. Учесниците-карневалски групи од Струмица, Радовиш, Пробиштип, Делчево и Кавадарци, од неколку градови од соседните држави Србија, Албанија и Бугарија, но и од Црна Гора, Русија, па дури и од Аруба, каде пред 20 години, во 1997, градот Струмица го доби преодното знаме за организирање на конгресот на карневалските градови во светот, ги воодушевија присутните со своите креации и музичко-сценски настапи на централниот плоштад, пред главната бина. Поради совпаѓањето на термините на струмичкиот со одделни карневали во другите земји, годинава не беа присутни учесници на карневалот кои се традиционални учесници.

Струмица, во која деновиве сите хотелски капацитети се исполнети, а гостите се сместуваат и во околните градови, живеее за карневалот цела година. Неделава е исполнета со карневалските настани. Во петокот вечерта на традиционалниот маскенбал за принц и принцеза на фестивалот беа избрани брачниот пар Александар и Соња Ташеви, кои ја предводеа главната карневалска поворка, денес е детскиот карневал, утре е традиционалниот Чист понеделник, кога на присутните на градскиот плоштад, традиционално ќе им биде делена чинија бел грав, и жирито ќе ги прогласи најдобрите маски. Вечерта во понеделник ќе биде отворена изложбата на делата на учесниците на 18. Меѓународен фестивал на карикатура и афоризам, а во вторник ќе бидат доделени наградите од Интернационалната карневалска вечер и Тримерската карневалска забава. Карневалот завршува на 1 март со одбележување на обичаите поврзани со празникот Тримери.

Strumica karneval, Macedonia
Strumica karneval, Macedonia

XS
SM
MD
LG