Линкови за пристапност

Стружани жедни, покрај вода


Стружани жедни, покрај вода
please wait

No media source currently available

0:00 0:02:45 0:00

Проблемите со водата за пиење во Струга ја одбележаа и оваа туристичка сезона

Лежи на вода, а нема вода. Проблемите со туристичката сезона во Струга не стивнуваат. Покрај оние со депонијата и загадениот воздух, стружани овојпат се соочуваат и со недостиг на вода за пиење. Во делови од градот, според изјавите на граѓаните, на температури и до 40 степени, вода нема и по неколку часа, додека во некои населени места, ваква е ситуацијата со денови.

Струга е единствениот град во Европа кој лежи на две водни површини, на реката Црн Дрим и на Охридското Езеро.

Граѓаните велат дека секој се снаоѓа како знае и умее и оти ова не би требало да се случува во 21-от век. Локалните власти спроведуваат секојдневна рестрикција, од 12 часот на полноќ до 5 часот наутро.

„Лежиме на вода, а вода нема. Пред 30 години имаше и бавчата да ја вадиме, а сега нема“, вели жител на Струга.

„Јас живеам на 5-ти кат. Повеќепати нема отколку што има вода. Во туристичка сезона, да нема вода, е незамисливо“.

„Често се случува да снема вода. Некогаш и половина ден. Купуваме вода. Од два извора, немаме вода“.

Стружани неодамна одржаа и мирни протести, барајки од властите редовоно водоснабдување.

„Мислам дека со овој протест надлежните ќе го решат проблемот, бидејќи вака не може да се живее“, додаваат граѓаните.

„21-ви век, а ние немаме вода ни за лек. По цел ден. На полноќ се тушираме, полниме вода со шишиња, ги топлиме на балкон и така се капеме“.

Од Јавното претпријатие за водоснабдување „Проаква“, велат дека една од причините за ваквата состојба се климатските промени, но и злоупотребата на водата.

„Злоупотребата треба да се намали. Климатските промени имаат големо влијание, бидејќи нивото на изворите не се памети кога последен пат било толку ниско. Во однос на минатата година, имаме намалување од 100 литри во секунда“, изјави Јонче Докоски од „Проаква“.

Угостителите велат дека недостатокот на вода сериозно се одразил и врз туристичката сезона, и голем број од нив заминале од градот.

„Тоа е негативна појава во однос на туризмот за нас како заработувачка. Немаме оправдание кое може да им го дадеме на туристите. За нив, оваа појава е незамислива. Секое утро нема вода, а нашиот одговор е дека „тоа не е до нас“, вели Науме Угреновиќ, сопственик на хотел во Струга.

Facebook Forum

XS
SM
MD
LG