Линкови за пристапност

Како се одразија празниците врз Охрид и Струга?


Како се одразија празниците во Струга и Охрид?
please wait

No media source currently available

0:00 0:01:42 0:00

Туристичкиот еснаф од Охрид е задоволен од исполнетоста на градот за новогодишните празници во градот. Во соседна Струга велат дека нивните очекувања не ги дале посакуваните резултати

Почетокот на годината донесе голем број на домашни и странски туристи во Охрид. Угостителите велат дека новогодишните празници ги дале посaкуваните резултати, а хотелското и приватното сместување било речиси 100 проценти исполнето. Градот живееше како во шпицот на главната туристичка сезона.

„Букинг резервациите и посетеноста на соседските гости, пред се` гостите од Србија го реализираа своето. Очекувањата се остварени од финансиски аспект, од посетеност и од аспект на раздвиженост. Со еден збор, Охрид изгледаше како од бајка“, вели угостителот Наумче Кордоски од Охрид.

„Во деновите околу празниците буквално се бараше место повеќе во угостителските објекти, дури и ние на база на еснаф мораме да реагираме едни кај други, да протуркаме некого, за да не отанат гостите на улица“, вели Михаил Мишев од Здружение на угостители на Охрид.

Но, за локалните угостители во Струга резултатите биле разочарувачки.

„Иселениците од Струга и струшко доаѓаат преку лето и на зима за новогодишните празници. Буквално оваа година немаше иселеници. Струга од година во година не само што не нуди ништо ново туку останува на старото и мислам дека се враќа назад“, вели туристичката работничка од Струга, Теута Џеладини.

Од туристичкиот еснаф сепак се оптимисти дека на регионот околу Охридското Езеро му престои добра туристичка сезона. Во прилог на тоа одат и најавите за неколку нови чартер-авио линии до Охрид од Ајндховен, Талин и Варшава, како и отворање на нови пазари.

Facebook Forum

XS
SM
MD
LG