Линкови за пристапност

Расте бројот на заболени од дијабетес


Зголемен број на заболени од дијабетес
please wait

No media source currently available

0:00 0:02:40 0:00

Болните во Македонија бараат да се формира национална стратегија за лекување на дијабетес, со која поефикасно ќе се планира набавката на инсулин

Десетмесечно бебе од Струга е најмладиот пациент заболен од дијабетес. Оваа болест, уште позната и како шеќерна болест, почнува да зазема се` поголеми размери, но, загрижува фактот и дека се` повеќе млади лица под 20 години, заболуваат од истата болест. Лекарите со препораки често да се посетуваат центрите за дијабетес.

„Има пациенти кои се тип 1 и тип 2. Тип 1 е помладата популација, која е поретка, но, е поделикатна за лекување. Во однос на нивната возраст потребна е поголема заштита. Најмладиот пациент во Струга беше десетмесечно бебе, а има и на три - четири годишна возраст“, вели Мира Костојчиноска, лекар од општа болница во Струга.

Иво Дукоски, претседател на Здружението на заболени од дијабетес вели дека бројката е многу зголемена.

„На светско ниво е осум проценти, додека во Македонија е околу 12 проценти. Во Струга на пример, четири луѓе месечно заболуваат од дијабетес“, вели Дукоски

Од здруженијата на лица заблени со дијабетес, велат дека изминатиов период се соочувале со многу проблеми. Многу често биле принудувани инсулинската терапија да ја набавуваат од соседните држави.

„Во 2015-та и 2016-та година, буквално немаше инсулин во аптеките. Не можевме да земеме терапија, без која може да дојде до тешки компликации. Ситуацијата се подобрува. Имаше мал застој, но, тој беше поради контрола на инсулинот“, вели Дукоски.

Овие лица бараат да се формира и национална стратегија за лекување на дијабетес.

„Тогаш ќе имаме и единствен регистар на болни од дијабетес. Пефикасно ќе може да се делува, но, и да се планира набавката на инсулин, и инсулинска и таблетарна терапија“, вели Стојче Аџиески од Здружение на дијабетичари на Струга.

Во Македонија се регистрирани околу 200.000 лица заболени од дијабетес, додека во Охридско-струшкиот регион, тој број е околу 16.000 лица. Податоците покажуваат дека на еден починат од компликации од дијабетес, се регистрираат два нови случаи на заболени.

Министерството за здравство информира дека испораката на инсулин се врши редовно. Вели дека станува збор за висококвалитетни инсулини, кои се користат во најразвиените европски и светски земји.

Во насока на контрола на квалитетот, Агенцијата за лекови во континуитет спроведува редовни контроли на сите серии инсулини што се дистрибуираат во државата, и досега не се констатирани неправилности, соопшти Министерството.

Facebook Forum

XS
SM
MD
LG