По шпекулациите дека наводно американската политика спрема Балканот, а особено кон Македонија, е променета со новата администрација, на што придодадe и изјавата на конгресменот Дена Рорабахер за распарчување на Македонија и менување на границите, Стејт департментот ни` одговори:
„САД гo признаваат и поддржуваат суверенитетот и територијалниот интегритет на Република Македонија. Оваа политика не е променета“.
Рорабахер е член на конгресната Комисија за надворешни работи.