Линкови за пристапност

Кантримен: САД и натаму ги поддржуваат аспирациите на Македонија за членство во НАТО


Кантримен: САД и натаму ги поддржуваат аспирациите на Македонија за членство во НАТО
Кантримен: САД и натаму ги поддржуваат аспирациите на Македонија за членство во НАТО

Дискусија на американски експерти во Вашингтон, насловена како „Балкан – 10 години напредок“.

САД со нетрпение очекуваат во блиска иднина Македонија да биде во можност да го реши спорот околу името со Грција, по што би се создале услови за членство во НАТО. Ова беше речено во рамки на дискусијата на американски експерти што во петокот се одржа во Германскиот маршалов фонд во Вашингтон, насловена како „Балкан – 10 години напредок“.

Том Кантримен, заменик-помошник државен секретар за Европа, посебно се задржа на Рамковниот договор што, како што истакна, помогнал да се стави крај на етничкиот конфликт во Република Македонија во 2001-та година.

„Програмата во голем дел веќе е имплементирана преку досегашните мултиетнички коалициони влади“, кажа тој, „но сепак, претстои уште многу работа во подобрување на нејзината примена“.

Кантримен подвлече дека САД ќе продолжат да соработуваат со Македонија и за исполнување на целите за интеграција во ЕУ.

XS
SM
MD
LG