Линкови за пристапност

Спасовски бара лична и професионална одговорност од вработените во државните органи


Спасовски очекува решение на проблемот во МВР, без дневно политички игри
please wait

No media source currently available

0:00 0:01:39 0:00

Повикот пратен од прес-конференција, прва по преземањето на должноста, следи по кавгата во врвот на МВР

Техничкиот премиер Оливер Спасовски бара лична, институционална и професионална одговорност од луѓето што ги водат државните органи.

Повикот пратен од прес-конференција, прва по преземањето на должноста, следи по кавгата во врвот на МВР меѓу новиот технички министер Наќе Чулев и дополнителната заменичка Славјанка Петровска за назначувањата на низа раководни позиции во полициската структура, како и за поништувањата на решенија потпишани токму од Спасовски додека беше шеф на МВР.

Премиерот очекува решение на проблемот без, како што вели дневно политички игри.

„Очекувам низ дијалог да се надминат сите прашања, особено кога станува збор за МВР зошто безбедноста и стабилноста на државата се врвен приоритет без оглед на тоа кој од која партија доаѓа и не треба никој да се поигрува на дневно-политичка основа“, изјави Спасовски.

Опозицијата има поинаков став за случувањата во МВР.

„СДСМ и Оливер Спасовски во паника од неминовниот изборен пораз сакаат да ги блокираат институциите, а обвинуваат за блокади од ВМРО-ДПМНЕ мислејќи дека на тој начин ќе си создадат алиби од изборен пораз“, рече Игор Јанушев, генерален секретар на ВМРО-ДПМНЕ.

Спасовски уверува дека и покрај недоразбирањата во еден од најчувствителните ресори, институциите функционираат и дека граѓаните треба да бидат спокојни.

„Неопходно е, и тоа е врвен приоритет на сите министри во актуелната Влада, без исклучок, да обезбедат континуитет на функционирањето на институциите, на владеењето на правото и демократијата“, рече Спасовски.

Државната изборна комисија, на денешната седница, се прогласи за ненадлежна да решава за спорот меѓу техничките министер и заменик-министерка околу именувањата, конкретно она за началникот на СВР-Скопје.

Facebook Forum

XS
SM
MD
LG