Линкови за пристапност

Конституиран деветтиот парламентарен состав


Конституиран деветтиот парламентарен состав на Собранието на Македонија
please wait

No media source currently available

0:00 0:01:56 0:00

Во присуство на државниот врв, судската власт, претставниците на верските заедници и дипломатскиот кор се одржа првата седница на новото Собрание на Македонија

Од 120-те пратеници отсуствуваа само двајцата избраници од ДПА. На седницата беше избран составот на верификационата комисија која ги потврди мандатите на новоизбраните пратеници. На самиот старт на работата на овој парламентарен состав веднаш дојде до искричење меѓу двете партии со најмногу пратеници ВМРО-ДПМНЕ и СДСМ. Социјалдемократите забележаа дека Трајко Вељаноски нема деловничко право да претседава со седницата:

„Зошто воведувате нови стандарди во парламентарната демократија во Македонија, но тоа не е ново за вас. Не треба да продолжите по стариот обичај со кршење на Деловникот и со едно насилие“ кажа Оливер Спасовски.

„И на работната средба имавме различни мислења. Мислам дека Деловникот преовладува во работата и така треба да направиме“, одговори Трајко Вељаноски, претседавач со седницата.

По конституирањето на Собранието тече рокот од 10 дена во кој шефот на државата треба да го довери мандатот за состав на владата на кандидат на партијата, или партиите што имаат мнозинство во парламентот. Мандаторот пак има рок од 20 дена од денот на добивањето на мандатот, до Собранието да поднесе програма и состав на Владата која ја избира мнозинството од пратениците.

XS
SM
MD
LG