Линкови за пристапност

СЈО се согласи со куќен притвор наместо „Шутка“ за Камчев, Јанакиески и Божиновски


СЈО се согласи со куќен притвор наместо „Шутка“ за Камчев, Јанакиески и Божиновски
please wait

No media source currently available

0:00 0:02:03 0:00

Специјалното јавно обвинителство е на ставот дека мерката притвор може да се замени со куќен притвор за осомничените во случајот „Империја“ со кој се опфатени бизнисменот Орце Камчев и неговите соработници Ненад Јосифовиќ и Зорица Арсовска, Цветан Панделески и Тодор Мирчевски. Исто така СЈО смета дека и двајцата поранешни високи функционери Миле Јанакиески и Кирил Божиновски, кои се обвинети во случајот „Титаник“ исто така може да си заминат од истражниот затвор Скопје. Засега останува нејасно само дали оваа можност ќе му се отвори и на поранешниот шеф на тајната полиција Сашо Мијалков кој се обвинет во четири предмети на СЈО.

Од СЈО потврдија дека заклучно со денеска дале позитивно мислење притворот да се замени со домашен за сите обвинети во случајот „Империја“, освен за Мијалков но не ја исклучуваат можноста во наредните часови или денови и за него да биде донесена истата одлука.

„Позитивно мислење засега не е донесено единствено за Сашо Мијалков во случајот „Империја“. СЈО даде позитивно мислење и за Миле Јанакиески и Кирил Божиновски“, соопштија од Обвинителството.

Адвокатот Љупчо Шврговски, бранител на Сашо Мијалков, очекува СЈО најдоцна до утре да донесе позитивна одлука по барањето за ослободување од притвор на неговиот клиент.

Денеска се закажани неколку седници во Апелацискиот суд на кои ќе се одлучува по жалбите на притворените и нивните барања за замена на мерката притвор со куќен. Јавноста е исклучена од овие седници.

Собранието денеска изгласа измени на Кривичниот законик, поточно во членот 275-в, кои овозможуваат застарување и условни казни во случаите на Сеад Кочан и Василие Авировиќ. Со ова се отвара пат за поддршка на уставните измени од двајца пратеници, Владанка Авировиќ и Зекир Рамчиловиќ.

Според неофицијалните информации измени се подготвуваат и во членот 353 од кривичниот законик со кои би се ослободила од одговорност пратеничката и поранешна министерка за култура Елизабета Канческа Милевска од која исто така се очекува да ги поддржи уставните измени.

Премиерот Заев пред неколку дена изјави дека сеуште му недостасуваат четири гласа за измените на Уставот кои треба да се најдат на гласање во Собранието во првата половина на јануари.

XS
SM
MD
LG