Линкови за пристапност

Заеднички контроли на македонски и српски цариници


Заедничка царина на Македонија и Србија
please wait

No media source currently available

0:00 0:02:09 0:00

Наскоро македонски и српски цариници ќе вршат заеднички контроли на граничните премини меѓу двете земји. Наместо двојни ќе се воведе единечна проверка, со што ќе се скрати времето на транспорт. Владата на вчерашната седница дала „зелено светло“ за старт на овој проект.

„Ја усвоивме информацијата за воведување заеднички контроли на надлежните органи на Македонија и Србија на граничните премини Табановце и Прохор Пчињски – се работи за она што го најави Царинската управа – One stop shop со што ќе се олесни транспортот на добра и услуги меѓу двете земји“, изјави Миле Бошњаковски, портпарол на Владата.

Станува збор за имплементација на концепт на едно застанување кое предвидува поедноставени, но воедно и побрзи постапки за проверка на патници и стока кои ја минуваат границата. Паралелно, како што појаснуваат надлежните, заедничкото царинење ќе овозможи и подобро усогласување на граничните контроли како и намалување на можноста за измами. За понатаму предвидено е воведување на заеднички контроли и на железничкиот сообраќај. Целата иницијатива всушност е сегмент од идејата за формирање регионална економска област која пак е клучна точка во проектот на ЕУ за забрзана интеграција на Западниот Балкан што минатото лето беше реафирмиран на Самитот меѓу Унијата и земјите од регионот.

„Клучен приоритет за Западниот Балкан, е создавање на регионална економска зона, за да се стимулира раст и отворање нови работни места. Регионалната економска интеграција не е алтернатива за пристапувањето на земјите од Западниот Балкан кон Унијата, но и корисна дополнителна алатка“, изави еврокомесарот за проширување Јоханес Хан.

Најавата за заеднички македонско-српски царински контроли доаѓа токму во период на затегнати трговски односи меѓу Скопје и Белград. На неодамнешната владина одлука за построги правила при увоз на брашно од други земји, Србија која извезува брашно во Македонија, реагираше со закани дека ќе воведе контра-мерки за македонските производи коишто се пласираат на српскиот пазар.

Facebook Forum

XS
SM
MD
LG