Линкови за пристапност

Дали ќе има брзо подобрување на односите Скопје - Белград?


Најавен телефонски разговор Заев - Вучиќ
please wait

No media source currently available

0:00 0:02:18 0:00

Исклучително заладени, така дипломатски соговорници за Гласот на Америка, ги оценуваат односите меѓу Скопје и Белград, по одлуката на српските власти да го повлечат персоналот од својата амбасада поради, како што објасни државно-владиниот врв во Белград, „засилено разузнавачко делување“ против Србија во земјава.

Ниту денешните изјави не најавуваат брзо подобрување на релациите меѓу двата соседа. Шефот на српската дипломатија Ивица Дачиќ порача дека потегот бил „порака до официјално Скопје дека се` знаат, и за тоа што се договарале и за тоа што се договориле, а тоа, според него, не им се прави на пријателите“. Други детали, тој не соопшти.

За новонастанатата ситуација и за тоа како да се надмине проблемот, утре ќе разговараат македонскиот премиер и српскиот претседател – најавен е телефонски разговор на пладне меѓу Заев и Вучиќ. „Она за што зборуваме не спаѓа во доменот на претпоставки, туку за тоа дека постојат докази за засилено дејствување против институциите на Србија и нејзината амбасада во Скопје“, изјави Дачиќ. Од македонската влада денеска го повторија ставот од синоќешното соопштение.

„Република Македонија негува добрососедски прашања, ние сакаме да решаваме отворените, а не да отвораме нови прашања. Будно ја следиме ситуацијата, не би сакале да избрзуваме со заклучоци. Ги поздравуваме изјавите од Србија за заштита на добрососедството и враќање на ситуацијата во нормала“, изјави Бујар Османи, вицепремиер за европски прашања.

Според него, во моментот прашањето за зачленување на Косово во УНЕСКО, не е предмет на разговори и нема барање од Приштина за поддршка на Скопје. Дел од српските медиуми објавија текстови со наслови како „Заев и` објави војна на Србија“ и „Македонските служби следеле и заплашувале српски дипломати“.

За дипломатските тензии на релација Скопје-Белград известуваат и медиумите во Атина. Влијателниот „Катимерини“ пишува дека дипломатите во грчката престолнина со загриженост ги следат случувањата по одлуката за повлекување на персоналот од српската амбасада во Скопје. Тоа, според весникот, била реакција поради подобрувањето на односите меѓу Македонија и Косово.

Facebook Forum

XS
SM
MD
LG