Линкови за пристапност

Можна нова истрага во ДИК по оставките


Нова истрага во ДИК, по оставките
please wait

No media source currently available

0:00 0:01:57 0:00

Треба да се направи контрола, за евентуални нови неетички активности во Комисијата, вели Керолин Карлсон, која работи на прочистување на избирачки списоци во САД

Да се направи дополнителна истрага во Државната изборна комисија (ДИК) за можни неетички активности, по одлуката на членовите да земат четири дополнителни плати за изборите во октомври, вели Керолин Карлсон, сопственичка на организација во Вашингтон, што работи на прочистување на избирачки списоци во САД и во други држави во светот.

„Се надевам дека овие лица ќе бидат заменети со нови членови, кои имаат морални стандарди, и кои ќе помогнат да се подобри демократската иднина на државата“, вели Карлсон.

Според неа, членовите кои дадоа оставки во ДИК, или не сакаат да поминуваат низ можна дополнителна истрага, или сфатиле дека е важно да покажат дека по овој случај не можат да продолжат да и` служат на Комисијата.

Поради единствениот член кој остана во ДИК Ермира Асани Салија, Карлсон смета дека треба да се направат засилен притисок и контрола, со цел да се утврдат евентуални нови неетички, финансиски или други нелегални активности.

„Ако и натаму има несоодветно однесување, ќе се продолжи со откривање на таквите настани. Тоа е важно да се знае. Се надевам дека Комисија ќе го заземе правилниот правец, и ќе има посилна и пофокусирана насока во иднина“, смета таа.

Вакви легални, но, неетички одлуки, со тек на време водат до авторитарни режими, вели Џавар Мохамед, извршен директор на медиумската мрежа „Оромиа“.

„Корупцијата ги нарушува довербата на граѓаните, и нивната релација со владата. Штом владата ќе ја изгуби моќта, има има два избора - да се повлече или да прерасне во авторитарен режим“, изјави Мохамед.

Оствките на членовите на ДИК уследија по забелешките на амбасадорот на САД во Македонија Џес Бејли, кој го откри случајот во јавноста.

„Се гласа зад затворени врати, далеку од очите на јавноста. Што тоа зборува за приоритетите на лидерството? И најважно од се`, зошто јас го покренувам ова прашање? Што кажува тоа и за вредностите на самата организација? Каде беа свиракачите, истражувакото новинарство и Парламентарната комисија за надзор?“, праша Бејли.

Оставките на членовите се веќе поднесени до Собранието, кое треба да ги констатира, и да распише оглас за избор на нови членови.

Facebook Forum

XS
SM
MD
LG