Линкови за пристапност

Дали односите Скопје - Москва бележат надолна линија?


Дали односите Скопје - Москва бележат надолна линија?
please wait

No media source currently available

0:00 0:02:37 0:00

Анализа на Гласот на Америка на македонски

Односите Москва-Скопје бележат надолна линија - Русија ја исполни заканата, протера македонски дипломат. Од македонското МНР засега не ја коментираат информацијата што ја обелодени рускиот амбасадор во земјава. Од она што Гласот на Америка неофицијално го дознава станува збор за висок дипломат и дека процесот, како што велат нашите извори, бил „дипломатски некоректен“. Русија, преку својот врвен претставник во Скопје, вината за ситуацијата целосно ја префрла на македонската страна со најава дека, ако биде приморана, ќе преземе и дополнителни мерки.

Уште еднаш изразувам длабоко жалење поради фактот дека Македонија го презеде овој непријателски чекор кон нашата земја. Тој чекор беше преземен набрзина, без детална истрага на наводите што ги изнесе Велика Британија. Од самиот почеток велев дека ваквата мерка ќе предизвика одговор од Руската Федерација и тој одговор ќе има симетричен карактер. Македонија протера еден руски дипломат, и ние како одговор моравме да протераме еден македонски дипломат. Нашиот одговор беше промислен и симетричен. Од друга страна, ние предупредивме дека ако следат други мерки кои би довеле до ескалација на меѓусебните односи, ние ќе сме принудиме да одговориме со истите симетрични мерки“; изјави Олег Шчербах, амбасадор на Руската федерација во Македонија.

Експерти, за Гласот на Америка, коментираат дека односите меѓу двете земји не се од сега нарушени, туку од промената на власта во Македонија. Во постаките на Москва гледаат јасни чекори кои се насочени против НАТО и против стабилизација на регионот.

„Русија на Балканот нема некој посебен интерес особено не во Македонија. Она што сака да го направи е да ја употреби својата позиција и влијание за да биде пречка на стабилизацијата на овие држави, безбедносната стабилизација и нивното интегрирање во НАТО и во ЕУ. Тоа Русија не го прави поради за државите од регионот, колку за сметка на НАТО. Русија би сакала да претставува пречка за овиде две алијанси и затоа се инволвира во регионот“, кажа Андреја Стојковски од Центарот за европски стратегии.

Подолг период, Балканот се смета за една од главните подрачја на руското влијание во Европа. Алармот во западните демократии се вклучи по настаните во Црна Гора кои беа карактеризирани како обид за пуч во кој улога имале и лица поврзани со админситрацијата во Москва. Во изминатите две години Македонија беше цел само на остри изјави и соопштенија од руски претставници и институции кои се однесуваа на заложбите за зачленување во НАТО. Но, Македонија, сега е со еден дипломат помалку во Москва.

Facebook Forum

XS
SM
MD
LG