Линкови за пристапност

Протерувањето руски дипломат нема да го забрза влезот на Македонија во НАТО


Протерувањето на рускиот дипломат нема да го забрза членството во НАТО
please wait

No media source currently available

0:00 0:01:48 0:00

Евроатлантските институции треба да се ангажираат многу повеќе за иднината на државата, велат експерти за Гласот на Америка

Гестот на солидарност на Македонија и на другите балкански држави со Западот, во протерување руски дипломати, не значи дека директно ќе се одрази врз интеграцијата во НАТО и Европската унија, вели Мајкл Карпентер од Центарот Пен Бајден во Вашингтон, според кој, евроатлантските институции треба да се ангажираат многу повеќе за нивното зачленување.

„Се надевам дека и американската администрација ќе помогне во интегративниот процес. Зборував со високи претставници од администрацијата. Мислам дека ја сфаќаат важноста, но, сепак треба да се вклучат повеќе“, вели Карпентер.

Тој смета дека досегашните санкции на САД и на западните држави кон Русија се слаби, и оти треба да се воведат строги економски мерки кон руските финансиски институции, за да се направи притисок врз Кремљ, при носењето одлуки.

„Досегашните санкции не се соодветна мерка за одговор кон ваков настан. Проблемот со протерувањето на дипломатите е тоа што и Русија ќе возврати со бркање на дипломатите на западните држави од Москва, така што крајниот ефект е практично нула“, вели Карпентер.

Го нагласува примерот на Иран и Северна Кореја, со цел да се постигне брз ефект - блокирачки санкции кон руските банки.

„Преку санкционирање на по некој олигарх ваму-таму, всушност не влијаете врз одлуките на Кремљ“, рече тој.

И Едвард Џозеф, долгогодишен експерт за Балканот, смета дека руските закани кон Македонија, по протерувањето на нејзиниот дипломат, се секундарни.

Важна е, доадава тој, интеграцијата на државата во НАТО.

„Клучното прашање е конечно, еднаш засекогаш, да се реши проблемот меѓу Скопје и Атина, за да може Македонија да влезе во НАТО“, изјави Џозеф.

Како одговор на нападот со нервен агенс врз поранешен двоен руски шпион и неговата ќерка во Британија, САД денес најавија нови санкции кон Русија.

Facebook Forum

XS
SM
MD
LG