Линкови за пристапност

Одлуката на Македонија да протера руски дипломат нема да се одрази врз ЕУ и НАТО


Одлуката на Македонија да протера руски дипломат нема да се одрази врз ЕУ и НАТО
please wait

No media source currently available

0:00 0:02:15 0:00

Потпретседателот на Атлантскиот совет во Вашингтон вели дека однесувањето на држвата е соодветно на нејзината аспирација

Дејмон Вилсон, потпретседател на Атлантскиот совет во Вашингтон, вели дека одлуката на Македонија за протерување на руски дипломат нема директно да се одрази врз нејзиниот евроатлантски процес.

„Македонија и многу од државите на Западен Балкан се гледаат себе си` како дел од Западот. Дури и ако не се целосно интегрирани во институциите, а доколку имаат аспирација да станат дел од нив, апсолутно соодветно е да се приклучат кон Европската унија, Обединетото Кралство и кон САД, за да покажат солидарсност против деструктивното руско однесување“, вели Вилсон.

Вилсон смета дека многу е важно Македонија да застане на страната на НАТО и Европската унија, нагласувајќи ја поддршката на САД во заштитата на нејзината демократија во борба против руското влијание.

„Причината зошто ова е битно за Западниот Балкан е бидејќи ова е место каде Русија ги користи нејзините дипломатски и разузнавачки лица против евроатлантската интеграција“, изјави тој.

Вилсон ги поздрави чекорите на Македонија и на другите држави во приклучување кон САД и Европската унија против рускиот нервен напад врз агент во Велика Британија.

И НАТО вчера објави дека протерa седум руски дипломати и оти ja откажува акредитацијата на уште три лица, како дел од „широкиот, силен и координиран“ меѓународен одговор за нападот со нервен гас врз поранешниот руски двоен агент и неговата ќерка во Британија.

Јенс Столтенберг истакна дека ова ќе испрати јасна порака до Русија дека ќе има последици за нивниот „неприфатлив“ начин на однесување.“

САД,пак, во понеделникот наредија 60 руски дипломати обвинети за шпионажа да ја напуштат земјата во рок од една недела, а до втори април наредија затворање на рускиот конзулат во Сиетл.

Москва негираше каква било вмешаност, а рускиот министер за надворешни работи Сергеј Лавров, изјави дека масовните протерувања се резултат на притисокот од Вашингтон.

Тој најави дека ќе им возврати на САД, по преотерување на руските дипломати.

Facebook Forum

XS
SM
MD
LG