Линкови за пристапност

Со уста црта уметнички дела


Роза Мојсоска
please wait

No media source currently available

0:00 0:02:29 0:00

Роза Мојсоска е Македонка, која слика со уста од седум години, а му подарила дело и на папата Јован Павле Втори

Роза Мојсоска е единствената Македонка која создава уметнички дела со уста, бидејќи не може да ги користи рацете и нозете. Таа е член е на Светската организација на уметници, кои цртаат со уста и нозе, со седиште во Лихтенштајн.

Нејзината работа предизвика љубопитност неодамна и кај туристите во Охрид, каде црташе на отворено.

Вели дека почнала да црта кога имала седум години.

„Тогаш бев во Белград на операција, рацете ми беа оперирани и беше Ден на жената, 8- ми март. Сите деца цртаа честитки, а јас не можев и затоа зедов боја во уста и нацртав цвет.Тоа ми беше првиот цртеж, и кога учителките го видоа се воодушевија дека имам дарба за цртање. Се срамев долго време пред јавноста да кажам дека цртам со уста. Сите мислеа дека работам со раце“, вели Мојсоска за Гласот на Америка.

Јавно за својата дарба почнала да зборува дури на 23 години.

„Дојдоа неколку жени и еден човек од Америка и ме прашаа дали би можела да нацртам една слика за Исус, или пак да напишам песна. Ми ја дадоа книгата за Американката Џони Ерискон, која била здрава и паднала во вода, по што се здобила со повреди и почнала да црта со уста. Јас си реков јас сум родена ваква, а се срамам да цртам“, вели Мојсовска.

Нејзини цртежи се наоѓаат кај познати домашни и светски личности, на пример кај генералниот секретар на Обединетите нации Бан Ки-мун, кај сегашниот и поранешниот македонски претседател Ѓорге Иванов и Бранко Црвенковски, а во 1984 година му подарила цртеж и на порашениот папа Јован Павле Втори.

Роза која од 1978-та година живее во Центарот за телесно инвалидизирани лица во Бања Банско во Струмица, има издадено пет збирки поезија.

Оваа девојка вели дека нејзина животна желба е талентот да го претстави и во Белата куќа во Вашингтон.

XS
SM
MD
LG