Линкови за пристапност

Зошто слободата на медиумите во Македонија се` уште тапка во место?


Зошто слободата на медиумите во Македонија се` уште тапка во место?
Зошто слободата на медиумите во Македонија се` уште тапка во место?

Cостојбата со медиумите во Македонија е екстремно лоша, оцени во последниот извештај за слободата на медиумите Фридом Хаус

Cостојбата со медиумите во Македонија е екстремно лоша, оцени во последниот извештај за слободата на медиумите Фридом Хаус. Како главни забелешки се наведени политичките притисоци, нееднаквиот пристап на сите партии во некои медиуми, политичкото влијание на сопствениците кои истовремено се и лидери на партии, како и лошиот закон со кој се регулира клеветата во контекст на Кривичниот законик.

По објавата на извештајот, како и по серија други слични констатации, на Правниот факултет во Скопје беше организирана дебата на која самите новинари дискутираа за состојбата на медиумите.

На Македонија и` недостасуваат основните постулати на деморатијата, смета уредикот на неделникот Фокус, Никола Младенов. Според него, слободата во едно либерално демократско општество би требало да биде врвна вредност, а таа, вели Младенов, во Македонија не постои, како што не постојат ни механизмите што го гарантираат фукционирањето на слободниот пазар. Се` додека граѓаните не сфатат дека слободата е врвна вредност, нема да има демократија. оцени Никола Младенов.

Македонија е една од земјите со најголем број на медиуми по глава на жител во Европа, но, тоа, наместо послободни, медиумите ги направи позависни, сметаат дел до сопствениците кои додаваат дека неконтролираното доделување на концесии во услови на незрела демократија и слаба економија го уништи медиумскиот пазар.

Нема пазар за проста продукција, паѓа нивото на продукцијата, паѓа нивото на квалитетот, а да платите истражувачко новинарство - мал број можат тоа да го направат; второ, дали се исплаќа тоа воопшто да го направите, запраша Горан Гаврилов, сопственик на Радио Канал 77.

На дебатата имаше и израени тонови на новинарска самокритичност. Повеќето од говорниците оценуваат дека за лошата состојба во медиумите, каква што ја проценува последниот извештај на Фридом Хаус, се одговорни самите новинари.

Многумина од нас заради сопствени бенефиции отсапуваат од професионалните стандарди, ставајќи се во служба на нечии интереси, вели Горан Момировски ,уредник во телевизијата Канал 5.

Состојбата во медиумите во изминатата година неколку пати беше предмет на критика и на европските институции кои внимателно го следат развојот во оваа сфера ценејки го како еден од битните политички критериуми за демократскиот развој.

XS
SM
MD
LG